Денес самит на процесот Брдо-Бриони во Словенија


Во Брдо кај Крање денеска ќе се одржи самитот на Процесот Брдо-Бриони, на кој ќе се разговара за состојбите во Западен Балкан.
На Самитот учествува и претседателот на Македонија, Стево Пендаровски.
Како што беше претходно најавено, заедно со домаќинот на средбата, словенечкиот претседател Борут Пахор и Вучиќ, претседателите на Хрватска, Црна Гора, Србија и Албанија. Кабинетот на Пахор на почетокот на септември, кога словенечкиот претседател ги посети Белград и Приштина, објави дека самитот на Процесот Брдо-Бриони ќе биде можност да се разгледа актуелната состојба на Западен Балкан и да се повикаат членовите и институциите на Европската унија да го забрзаат процесот на проширување.
Процесот Брдо-Бриони е словенечко-хрватска иницијатива започната во 2010 година од Пахор, тогашен словенечки премиер, со цел зајакнување на меѓусебната доверба и регионална соработка и побрза интеграција на Западен Балкан во ЕУ.
