Свет

Французите најдоа начин да заштедат пари – порано исклучување на осветлувањето на Ајфеловата кула

Светлата на Ајфеловата кула во Париз најверојатно ќе бидат исклучени порано од вообичаено, со цел да се заштеди енергија.

Зад овој предлог стои градоначалничката на главниот град на Франција, Ан Идалго.

Како што пренесува магазинот „Журнал ди диманш“, градоначалничката оваа недела пред градските власти ќе презентира план со кој ќе се намали потрошувачката на струја поради енергетската криза во Европа.

Светлата околу кулата ќе бидат исклучени околу 23:45 часот, а има повеќе од 300 проектори кои ја осветлуваат главната туристичка атракција на градот.

Во текстот се додава дека доколку предлогот биде усвоен, потегот ќе биде посимболичен.

На почеток