Свет

Пожар во изложбен салон за електрични скутери, осум лица загинаа

Најмалку осум лица загинаа, а седум се повредени во пожар во изложбен салон за електрични скутери во Индија, соопшти полицијата, пренесува Ројтерс.

Пожарот избувнал вчера во подрум на изложбен хотел во јужниот индиски град Секундерабад.

Прелиминарната истрага покажала дека причина за пожарот е неисправна батерија.

Бројните пожари на електрични скутери годинава во Индија го привлекоа вниманието на властите, кои ја промовираат нивната употреба бидејќи не ја загадуваат животната средина.

Индискиот премиер Нарендра Моди изрази жалење за несреќата и вети компензација на семејствата на жртвите.

На почеток