Македонија

ВИДЕО: Тупанчески брутално “удри” по судии и обвинители, Мијалков, директори, Маричиќ и системот

Mинистерот за правда Никола Тупанчески во интервју за „А1он“ открива дали и натаму обвинителите ќе можат да прават спогодби како што беше во случајот „Империја“, каде се досудени три години затвор, за затаен имот вреден над 30 милиони евра. Зборува и за тоа колку лесно или тешко ќе застаруваат кривичните дела, но и дали со него ќе се донесе правда.

„Треба да се направи многу повеќе за да бидам јас задоволен како министер за правда. Дали ние тоа го правиме во моментов како правда, откако сум јас дојден, давам максимум да стигнам до некаков стандарод што значи гаранција на подобрување на едноцифрена доверба на граѓаните. Анализите покажуваат дека еден од криминогените фактори за недозволени активности претставуваат ниските плати на судиите или обвинителите. Јас како министер за правда се борам за статусот и на судиите и на јавните обвинители, но да не заборавам дека и моите очекувања се прилично големи. Прилично големи во смисла ако јас веќе подавам рака дека ние навистина сме колеги требаа таа колегијалност да се рефлектира и врз професионалниот однос“, вели Тупанчески.

На прашањето зошто никој не повикал на одговорност кај управата за јавни приходи кога тие се надлежни токму тоа да го спроведат, тој вели дека ние како држава потфрлуваме на тој план.

„Ние како држава потфрлуваме на тој план. Јас сметам ако се работи за такви големи количини на имот или такви недвижности, навистина ако вие имате 3-4 алатки во државата, а ниту една не ја примените, тогаш значи државата затаила во однос на сопствената реакција“,  вели тој.

Тупанчески вели дека не постои човек во Македонија кој со државна работа може за 30-40 години да заработи 30 милиони евра.

„Не, апсолутно, ако земете дека највисоката плата во државата која што би требало да биде на претседателот на државата или на премиерот, дефинитивно невозможно е“, додава Тупанчески.

На почеток