Авион принудно слета поради отворен багажник
Од
Објавено на
Авион на иранска авиокомпанија мораше да се врати на аеродромот во ирачкиот град Наџаф веднаш по полетувањето бидејќи капакот на багажникот останал отворен.
Авионот полетал набрзина поради метеж на аеродромот во Наџаф, изјавил за агенцијата локален извор.
„Капетанот на авионот побарал да слета 20 минути по полетувањето, бидејќи му било тешко да го контролира авионот“, рекол изворот, пренесува РИА Новости.
Изворот додаде дека во авионот имало 150 патници.