Македонија

Ковачевски на Колумбија Универзитетот: Ние сме функционална мултиетничка демократија, пример како отворените прашања се решаваат со дијалог

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски одржа предавање на реномираниот Универзитет Колумбија во рамките на Форумот на светски лидери. Во фокусот на предавањето беше уникатниот модел на одржлива демократија на Република Северна Македонија, како и економската интеграција и трансформација на земјата.

Во продолжение е интегралниот говор на премиерот Ковачевски.

,,Благодарам за оваа можност да бидам гостин на Универзитетот на Колумбија.

Почитувани професори, драги студенти, почесни дипломати, драги пријатели,

Навистина ми е искрена и голема чест што сум ваш гостин попладнево како академски професор, навистина е огромна привилегија што сум присутен на Универзитетот Колумбија, една од светските водечки и најпознати академски институции. Покрај тоа, како премиер на Република Северна Македонија, благодарен сум што можам да го претставам нашиот модел затоа што тоа е важно за нашата земја, важно е да се зборува за нашиот политички и економски модел пред професорите но и пред идните лидери како што сте вие овде денес студентите на Универзитетот Колумбија.

Кога со моите советници дискутиравме за концептот, за овие 10 – 15 минути воведно предавање им кажав дека не сакам да зборувам за минатото туку што имаме постигнато и каде сакаме да се движиме. Затоа и на самиот почеток би сакал да ги повторам главните глобални позиции поврзани со блиското минато за Северна Македонија.

Пред само еден месец, прославивме 31 година од нашата независност, суверенитет и развој како независна држава по распадот на поранешна СФРЈ. Северна Македонија ја стекна својата независност по мирен пат спроведувајќи ја својата специфична политика за зачувување на стабилноста на земјата преку изнаоѓање на решенија преку дипломатски напори. Ако сакате да најдете место во светот каде што се користат дипломатски напори и користењето на мека сила тогаш тоа е Република Северна Македонија и сите договори кои ги направивме интерно во државата но и надворешно со соседите се всушност функционално одржливи.

Тоа и даде можност на земјата да напредува во постигнувањето на своите стратешки цели. Во поширок контекст мојата земја е навистина редок пример на Балканот каде што мислам дека не треба да ве потсетувам на насилството, војните и економските притисоци. Правилото дека победува посилниот на Балканот особено на земјите на поранешна Југославија, но тоа не беше случајот со Северна Македонија. Во 1991 мирно излеговме од Југославија и тоа беше направено на лидерството што го имавме во тоа време за тоа што знаете, не беше лесно практично да се преговара со режимот на Милошевиќ во тоа време. Не беше возможен мирен распад, но во нашиот случај тоа беше успешно.

Сите коалициски Влади што стапуваа на власт имаа барем еден коалициски партнер од албанската етничка заедница што ја имаме во државата, тоа е важна затоа што албанското малцинство е најголемото малцинство во нашата земја.

Исто така политичките партии од други малцинства се дел од Владата. Ако го видите составот на мојата Влада во моментов ќе видите дека имам партнери од етничките албански партии, од бошњачките, од ромските, од српските и тоа според мене дава поголема креативност и дава сила на Владата бидејќи на една маса ги имате сите важни мислења за емотивните прашања така би сакал да го наречам тоа.

Најлесен начин да се справиме со работите е кога сите луѓе го имаат истото ниво на информации, кога не постојат конфликти. Во текот на овој период од 30-тина години развивме демократски модел што е многу познат и тој е дел од нашиот Устав, со функционална мултиетничка демократија. Имаме добро познат и ценет систем на бадентеровиот принцип на двојното мнозинство каде што не се брои само мнозинството туку и мнозинството на помалите етнички заедници кои што се претставени во Собранието, кога се дискутираат прашања кои влијаат врз нив, го користиме токму ова правило на мнозинство во Собранието.

Таквата политика и механизми реално функционираат и создаваат резултати затоа што се втемелени во севкупната национална политика, активниот политички дијалог како и проширените дипломатски напори. Значаен аспект во развивањето на овој систем е потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, бидејќи тој е уникатен и успешен концепт на решавање на идентитетските судири. Во овој момент имаме судир на идентитети кои што се случува во Украина, имавме судир на идентитети од помал размер што се случуваше во Северна Македонија, во тоа време Македонија. Всушност токму овој договор даде можност за земјата да го изгради ова мултиетничко општество каде што секој граѓанин ја чувствува земјата како место каде може лично и професионално да расте во текот на неговиот живот и кариера.

Европските искуства покажуваат дека ваквиот тип на конфликти се останати како смрзнати конфликти (како што е грчко-турскиот конфликт, корзиканско-францускиот конфликт, баскиското прашање во Шпанија). Тие се помалку или повеќе смрзнати. Во Северна Македонија овој договор ни дава можност да го решиме овој проблем или предизвик со кој се соочуваше земјата. Исто така треба да се подвлече дека од сите успешни договори и спогодби постигнати досега два или три од нив се на Северна Македонија. Не само Охридскиот рамковен договор, тука го имаме и Преспанскиот договор како и Договорот за пријателство со Бугарија. Кога ќе ја видите земјата, има еден интерен договор и два надворешни или соседски договори кои што ја дефинираат внатрешната и надворешната политика на државата и тие се основа за постигнување на стратешките цели. Со Грција успеавме да најдеме решение за уставното име на државата, истовремено зачувувајќи го идентитетот и јазикот на граѓаните. Ова ни даде можност да станеме полноправна членка на НАТО Алијансата. А колку е важно да се биде член на НАТО денес во Европа, особено во Југоисточниот дел тоа не треба да ви го објаснувам.

Вториот договор со Бугарија всушност повторно беше многу емотивен затоа што обично ги делам преговорите на два големи вида, емотивни и неемотивни. Со грчките преговори не бев директно вклучен но да речеме дека грчката страна преговараше на малку порационално ниво, а ние преговаравме на малку поемотивно ниво. Но, со Бугарите, тоа се преговори кои јас ги водев двете страни имаа емотивен пристап кон преговорите и беше навистина многу потешко да се најде решение. Заедно со помош на Европа, на Франција и Германија земјите кои секогаш биле дел од олеснувањето на овие процеси успеавме да го најдеме вистинското решение за иднината.

Во врска со војната во Украина, ја сметаме оваа војна како закана за демократскиот свет, затоа што оваа војна е класичен пример за решавање на судир на идентитети но не со мирни средства туку со насилство и војна. Руското влијание во регионот ќе го дестабилизира функционалниот систем во мојата држава, но и системите на државите на целиот Балкан.

Имавме дискусија со вашите професори и всушност руското влијание секогаш било насочено кон словенските земји, таму е полесно поради јазикот, поради сличностите во јазикот, поради историските настани но она што е добро е што по важните одлуки што ги донесовме, по успешните преговори што ги направивме со нашите соседи, Северна Македонија во овој момент е темелот на стабилноста на Балканот. Ние сме можеби мала земја но сме темел на стабилност за Балканот. Ние сме пример за регионот но и за пошироко за тоа како меката дипломатија но и како со моќта на преговорите и дипломатијата можеме да ги решиме историските но и прашањата кои се поврзани со идентитетот.

Во врска со економијата на земјата, мора да бидете свесни дека сите земји кои беа дел од Југославија се земји на дисконтинуитет. На пример ако ја земеме американската економија или француската економија, германската економија имаше мал дисконтинуитет во 1944 година, пред крајот на војната, другите економии се економии на континуитет. Ние имаме дисконтинуитет затоа што во 90-тите требаше да го промениме економските систем, политичкиот од социјализам кон капитализам што самото по себе донесе промена на економскиот систем затоа што ако ги проучувате овие системи тоа беа системи на самоуправување, секој работник ја поседуваше фабриката итн. Моравме да се префрлиме кон приватна сопственост. Секоја приватизација навистина е мачен и болен процес и колку што е лоша национализацијата на крајот резултатот покажа дека приватизации беа лоши исто колку што беше и национализацијата.

Тука се и пазарите, нашата економија функционираше на пазарите на поранешната Југославија и со пазарите на советскиот сојуз и со земјите од варшавската спогодба. Со распадот на Советскиот сојуз ги изгубивме тие пазари. Има еден факт дека нивото на вработеност во Северна Македонија го стигна нивото на вработување во 1990 минатата година. Ете толку многу луѓе ги загубија работните места заради затворањето на фабриките. Овие фабрики не работеа за европските пазари, тие го немаа потребниот стандард, ги немаа потребните еколошки и други сертификати кои беа потребни и затоа голем дел од индустријата, од хемиската индустрија мораа да бидат затворени токму поради оваа причина.

Но, кога ќе видиме што стои пред нас морам да бидам малку покус. Има микро и макро приоритети за иднината прво е владеењето на правото, зошто, затоа што сите држави кои минаа низ процесот на транзиција и на формирањето на нови политички партии беа склони кон корупција. Затоа што политичките партии мислат кога ќе ги добијат изборите го добиваат и системот. Тоа мора да се смени.

Гордо може да кажеме дека од една страна имаме изградено функционален систем на мултикултурна демократија и сме пример за тоа, но од друга страна мора да изградиме систем којшто може да се бори со корупцијата и да го подобри владеењето на правото. Ова важи за сите земји на Балканот. Кога една држава минува низ транзиција релативно е полесно да се постигне демократска стабилност наместо да се воспоставува ефикасно владеење на правните причини кои ги наведов.

Но, дури и во таква ситуација кога ние успеавме најголем дел од нашето законодавство, 45% да го усогласиме со законодавството на ЕУ по 17 години чекање и решавање на овие регионални геостратешки прашања со Грција и Бугарија започнавме конечно со преговорите со ЕУ. И покрај усогласувањето на законодавството со она на ЕУ сѐ уште остануваат проблемите со усвојување на закони и со политичката култура на корупција.

Како да го решиме тоа, прво, потребна е политичка волја но и помош од нашите политички партнери. Треба да знаете дека покрај тоа што сме кандидат земја која сега преговара со ЕУ ние сме земја која има договор за стратешко партнерство со САД. Ова е од 2008 година и веројатно еден од најважните договори кои ги имаме и не само во полето на војската и на градењето на демократски капацитети и соработка туку и во полето на економијата, културата и другите прашања битни за развојот на државата.

Владата која што јас ја водам и парламентарното мнозинство се целосно усогласени со пристапот на НАТО кон војната во Украина но и со надворешната политика на ЕУ. Ние ја усогласивме нашата политика со онаа на ЕУ и јавно го кажавме тоа и понудивме помош на Украина.

Секогаш сме биле на вистинската страна на историјата и повторно ќе бидеме на вистинската страна на историјата. Цената на гасот и цената на електричната енергија не треба да не стават на погрешната страна на историја затоа што ова ќе мине а историјата се суди од временска перспектива од 50 до 100 години. Затоа мислам дека направивме вистинска одлука. Во поглед на економијата се соочуваме со предизвик, треба да имаме различни енергетски извори, затоа што во моментов се зависни од рускиот гас како и поголемиот дел од Европа. Во Европа има три групи на земји, едни кои целосно се потпираат на рускиот гас, втората група тоа кога се движите кон Југозападот, група која што е помалку зависна од рускиот гас и кога одите во Шпанија, Португалија може да видите дека нема зависност од рускиот гас.

Но, најголемите економии се кон истокот и кон центарот на Европа, па ако можат да го кажам ова кусо – досега имавме инфраструктура каде што гасот течеше од исток кон запад и оваа инфраструктура беше изградена во изминатите 50 години а сега оваа инфраструктура врз основа на одлуката на претседателот на Русија да влезе во војна со Европа, практично ќе мора да биде напуштена и ќе мора да изградиме нова инфраструктура и затоа гасот ќе тече од југ кон север и од запад кон исток.

Тука е парадоксот, ова е парадоксот на војната во економски рамки. Да се напушти изградена инфраструктура кон Европа. Земете ја руската логика, имаат инфраструктура да го продаваат рускиот гас во Европа, велат одиме во војна со Европа, ја напуштаме оваа инфраструктура па Европа сега влегува во големи инвестиции да изгради нова инфраструктура и Русија ќе мора да има нови инвестиции со цел да изгради инфраструктура кон Пакистан, Индија, Кина затоа што нема инфраструктура таму”, рече Ковачевски.

На почеток