Свет

Размената на затвореници е важен чекор кон ставање крај на војната во Украина, вели Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека размената на заробеници спроведена од Русија и Украина, во која учествуваа речиси 300 лица и со посредство на Турција, е важен чекор кон ставање крај на војната, јави денеска турската телевизија НТВ.

Меѓу разменетите, петмина високи украински команданти пристигнаа во Турција, каде ќе останат до крајот на војната, а украинскиот претседател Володимир Зеленски ги поздрави „големите херои“, пренесе „Ројтерс“.

Според извештајот на НТВ, Ердоган им рекол на новинарите во Њујорк дека размената е резултат на дипломатските напори што ги водел со Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин.

На почеток