Свет

„Ќе се држам на безбедно растојание од Лавров“, вели Кулеба

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска изјави дека ќе „држи безбедно растојание“ од рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

На седницата на Советот за безбедност на ОН во тек е седница посветена на наводните злосторства на Русија во Украина.

Советот за безбедност заседава еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин нареди мобилизација на 300.000 резервисти.

Тоа тело не можеше да преземе никакви значајни мерки во врска со војната во Украина бидејќи Русија е постојана членка на Советот за безбедност на ОН и има право на вето.

На почеток