Македонија

„Ја осудувам постапката на Џафери, на граѓаните треба да им се даде можност да се изјаснат“, вели Ангелов

Стојанче Ангелов ја осуди постапката на претседателот на Собранието, Талат Џафери и смета дека на граѓаните треба да им се даде можност да се изјаснат на референдум.

Ангелов вели дека е отворен по прашањето за референдум за поништување на Договорот за добрососедство со Бугарија.

„Сметам дека на граѓаните треба да им се даде можноста да се изјаснат. Ја осудувам постапката на претседателот на Собранието Џафери, кој искористи правни лавиринти за да не дозволи референдум. За жал, и јас како претседател на Достоинство иницирав референдум со четири прашања и тогашниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски не ни дозволи. Принципиелно поддржувам било какво референдумско прашање“, рече Ангелов во емисијата „Само вистина“.

На почеток