На 08.01.2019 година околу 11.00 часот на влез во село Радуша, скопско, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „Фиат“, без регистарски ознаки, а управувано од Б.Ф.(22) од село Радуша.
Возилото не застанало, туку продолжило со движење. По преземени мерки, Б.Ф. бил забележан пред неговиот дом во село Радуша, кадешто тој и неговиот татко Н.Ф.(56) физички нападнале полициски службеник. Б.Ф. и Н.Ф. се приведени во Полициската станица Ѓорче Петров за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.