Силен земјотрес го погоди Чиле
Од
Објавено на
Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала го погоди брегот на Чиле, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот беше во петокот, со епицентар на околу 157 километри западно-северозападно од Анкуд, Чиле и на длабочина од 10 километри, додаде ЕМСЦ.
Засега нема извештаи за евентуални жртви или материјална штета, јавува Ројтерс.