ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски се против ЕУ и сите стратешки одлуки на земјата, вели СДСМ
ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски е против сите стратешки одлуки кои што земјата ги има донесено од своето осамостојување до денес, вели СДСМ
„Тие беа против зачленувањето во НАТО, Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство, преговарачката рамка.
Секогаш ВМРО-ДПМНЕ е против, но не гласаат против, туку ја напуштаат Собраниската сала, а потоа се затскриваат зад граѓаните со барање на одредени иницијативи, референдуми.
Од 17-те години чекање за почеток на преговори за членство во ЕУ, 11 години на власт беше ВМРО-ДПМНЕ.
Тие деструктивни 11 години, ВМРО-ДПМНЕ на Груевски, од една страна беше декларативно за зачленување во НАТО и ЕУ, а од друга страна правеше се тоа да не се случи.
И сега Мицкоски продолжува по стапките на Груевски, со опструкции и блокади да го запре процесот на евроинтеграциите.
СДСМ нема да дозволи блокада, ги започнавме преговорите за членство, продолжуваме по европскиот пат.
Македонската иднина е европска и Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нема да ја загрозат“, се вели во соопштението.