„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Проектите во Скопје стојат заради бизнис интереси на ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Мицкоски, вели Јанчева

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
7

„Цела година Скопје стои во место поради лични и бизнис интереси на шпицниот градоначалник и ВМРО-ДПМНЕ. По 11 месеци локална власт на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, повеќе од јасно е дека приоритет им биле тендерите и личните интереси, а решавањето на проблемите на граѓаните на последно место“, Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ и коалицијата во Град Скопје.

— реклама —

Таа додава:

Наместо за скопјани, се правеле планови за тендери, провизии, влијанија. На крајот кога очигледно не можеле да се договорот јавно се скараа.

— реклама —

Резултат од нивните кавги се стопирани проекти и негрижа за скопјани.

Проектот БРТ за брзиот автобуски транспорт во Скопје не се реализира, иако за него има одобрени средства.

Недоправена стои Универзалната сала, иако за реконструкцијата има одобрено средства.

Нема напредок ниту кај клучката во Момин Поток, не се гради мостот на Љубљанска, не е пуштен мостот што ги поврзува Аеродром и Керамидница, ниту улицата Есенинова.

Заглавена е пречистителната станица за која во ВМРО-ДПМНЕ расправаат околу провизиите за тендерот во вредност од 136 милиони евра.

Нема ниту нови автобуси, за кои Христијан Мицкоски како шпицен градоначалник јавно се пофати дека ги договарал.

И ред други проекти и ветувања во Град Скопје стојат, се откажуваат и не се реализираат.

Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ ја поддржа Арсовска, и ги собираше потписите, заедно тераа кампања и ветуваа проекти пред Скопјани.

Сега ја знаеме причината зотшо ништо не е релиаизрано - локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ наместо да се занимава со решавање на проблемите на граѓаните, се занимава со тендери и лични интереси.

Ги повикуваме Мицкоски и градоначалничката Арсовска да ги исполнат обврските што ги презеле пред граѓаните или да излезат и им се извинат за тоа што ги излажаа на локалните избори во 2021 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ustaven

СДСМ поднесе иницијатива до Уставниот суд за Резолуцијата против нелегалната миграција

Македонија | пред 11 час

media-library3k7a62a50lbragt94sM

СДСМ до Уставниот суд: Да се укине неуставната Резолуција и да се заштити слободата на говор

Македонија | пред 17 часа

media-library4qm31b5r4falfNrLvzI

Со неуставна резолуција ДПМНЕ и ЗНАМ се обидуваат да ја замолчат јавната дебата, велат од СДСМ

Македонија | пред 20 часа

51527416724_29ef17fba6_c

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за милионските злоупотреби во Лотарија под покровителство на Груби: „СДСМ ги толерирала злоупотребите“

Македонија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања