Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ до Уставниот суд: Да се укине неуставната Резолуција и да се заштити слободата на говор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-library3k7a62a50lbragt94sM

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, денеска информираше дека партијата поднела иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста на Резолуцијата изгласана од парламентарното мнозинство на ДПМНЕ и ЗНАМ, оценувајќи ја како неуставна и опасна за демократијата.

Според Димитријевиќ, Резолуцијата директно ги нарушува уставно загарантираните слободи, особено членот 16 од Уставот, кој ја гарантира слободата на говорот, јавното изразување, уверувањето и јавниот настап, а истовремено експлицитно забранува цензура во која било форма.

— реклама —

„Кога се загрозени уставниот поредок и основните човекови права, потребна е заедничка и решителна реакција. Оваа Резолуција е директен напад врз слободата на говор и врз слободата на политичко дејствување на опозицијата“, изјави Димитријевиќ.

Тој нагласи дека Резолуцијата не се однесува на заштита на јавниот ред или стабилноста, туку има за цел да ја замолчи јавната дебата за тема од исклучителен јавен интерес – договорот со Обединетото Кралство, за кој јавноста, како што рече, првично дознала од британските медиуми, а кој е поврзан со заем од 6 милијарди евра.

— реклама —

„Не може ваква тема да се прогласува за создавање паника или закана за јавната стабилност. Не може Резолуција во Собрание да биде насочена против ‘наративот на опозицијата’ и да се заканува со кривични санкции поради искажан збор“, истакна Димитријевиќ.

— реклама —

Според СДСМ, Уставниот суд има јасна уставна обврска да реагира, како врховен заштитник на уставноста, демократијата и основните човекови слободи.

„Кога се загрозува Уставот, се загрозува и демократијата. Кога се забранува дебата и се воведува цензура, демократијата престанува да постои и се отвора пат кон режимско владеење“, порача генералниот секретар на СДСМ.

— реклама —

Димитријевиќ најави дека СДСМ ќе продолжи со политичка и институционална борба за заштита на демократските вредности.

„СДСМ отвори фронт за правда. Нема да дозволиме гушење на слободата на говор и на демократијата. Заедно со граѓаните ќе ја одбраниме демократијата и уставниот поредок на Македонија“, порача тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 5 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања