Шведска: Плин истекува на две места од „Северен тек 1“
Шведските поморски власти објавија известување со предупредување за истекување на руски гас од гасоводот „Северен тек 1“ во шведските и данските територијални води. Предупредувањето беше издадено набргу откако беше откриено дека тече гас од гасоводот „Северен тек 2“, пренесува Ројтерс.
„Плинот истекува на две места од „Северен тек 1“. Едното е во шведската ЕЕЗ, а другото во данската ЕЕЗ. Тоа се две локации кои се многу блиску една до друга“, изјави портпаролот на Шведската поморска управа, јаваува Ројтерс.
„Гасот истекува североисточно од данскиот остров Борнхолм. Причината за истекувањето засега е непозната. Ние внимаваме за да се осигураме дека ниту еден брод нема да се приближи до истекувањето на гасот“, изјави портпаролот.
Синоќа данските власти ги повикаа бродовите да се држат настрана од локацијата на истекување на гас југоисточно од Борнхолм, откако беше откриено дека гасот тече од гасоводот „Северен тек 2“ во Балтичкото Море.
Операторот на гасната мрежа објави дека три цевководи од системот претрпеле „невидена штета“ за само еден ден.
Операторот објави и дека „невозможно е да се процени кога ќе се врати капацитетот на системот“.