Магазин

Дру Баримор за тешкото детство: „Почнав да пијам алкохол на девет години“

Актерката Дру Баримор во нејзиниот подкаст „Drew’s News“ ги раскажа деталите од своето тешко детство. Открила дека во нејзината куќа не смеат слатки, па се криела во плакарот за да јаде чоколадо.

Нејзината мајка Џејди, вели Дру, била многу строга и не сакала нејзините деца да се здебелат. Но, кога се во прашање пороците, таа немала проблем со тоа.

Дру рече дека првиот алкохолен пијалок го испила на девет години, а пробала марихуана кога имала десет години. Уште порано признала дека на 13 години двапати отишла на одвикнување од дрога, а мајка и ја испратила во психијатриска установа.

Таму немаше пцовки, а ако дојдеше до таква ситуација, тогаш ќе не врзеа“, рекла актерката.

„Излегував по клубови и избегнував училиште, бев целосно надвор од контрола“, додаде таа.

Таа вели дека нашла начин да и прости на мајка си.

“Верувам дека се чувствувала како да нема друг излез. Сигурно живеела со голема вина сите овие години. Направи чудовиште и сигурно живеела со голема болка”, рекла актерката.

На почеток