Свет

Исчезна воен авион за време на снежна бура, се трага по двајца пилоти

Француски воен авион со два пилота вчера исчезнна од радарот на границата со Швајцарија, и во тек е потрага по истиот.

Авионот исчезнал во тек на лет на ниска висина соопшти портпаролката на француските воздухопловни сили.

Исто така таа додаде дека планинската област каде последно е регистрирана локацијата на авионот е покриена со снег.

Авионот полетал околу 11 часот од базата на североистокот на Франција.

По авионот трага полиција, пожарникари, војници, како и локалните жители, но видливоста е многу мала поради густата магла и врнежите од снег.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток