Македонија

Штипјанец со фалсификувана возачка фатен на Табановце

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.Д.(50) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 27.07.2022, при извршена контрола од полициски службеници од Граничниот премин Табановце, утврдено било дека пријавениот приложил фалсификувана возачка дозвола од Република Северна Македонија.

На почеток