Објавен нов документ на ЕУ, се бара прекин на пристапните преговори со Србија
Европскиот парламент (ЕП) ќе побара од Европската унија (ЕУ) да ги прекине пристапните преговори со Србија додека земјата не воведе санкции кон Русија, пишуваат медиумите.
Ова се наведува во нацрт-извештајот за новата стратегија на ЕУ во процесот на проширување, до која Радио Слободна Европа (РСЕ) имаше пристап.
Дајте приоритет на усогласувањето на земјите-пристапни со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и да ги продолжите пристапните преговори со Србија само доколку земјата ги почитува санкциите на ЕУ против Русија“, се наведува во нацрт-извештајот.
Членовите на ЕП ќе расправаат за овој документ на Комитетот за надворешна политика на 13 октомври, а финалната верзија на нацртот ќе биде во форма на Резолуција на Европскиот парламент. Гласањето за резолуцијата се очекува во ноември, јавува РСЕ. Резолуциите на ЕП не се правно обврзувачки за земјите-членки или за другите европски институции.
Европските социјалдемократи, втората по големина групација во ЕП, веќе најавија дека сметаат дека ЕУ не може да ги продолжи пристапните преговори со Србија доколку не ги почитува санкциите на ЕУ против Русија и најавија дека тоа ќе биде вклучено во претстојниот извештај на ЕП.
Србија е единствената земја во регионот која не воведе санкции кон Русија, додека другите земји од Западен Балкан ги усогласија сите политики со политиките на ЕУ.