Русите им платиле на Црногорците шест милиони евра
Од
Објавено на
Руската компанија „Новатек“ уплатила шест милиони евра во буџетот на Црна Гора како гаранција за незавршениот дел од работата дефиниран со договорот за истражување на нафта во црногорското дно, неофицијално дознава „Вијести“ од Владата на Црна Гора.
Нејзиниот партнер, италијански Ени, минатата недела ја плати својата половина од шест милиони, со што државата целосно инкасира 12 милиони евра од овој конзорциум.
Сопственикот на гасната компанија „Новатек“ и еден од најбогатите Руси, Леонид Микелсон, претходно најави дека компанијата постепено ќе се повлече од својот проект во Црна Гора.