Свет

Иран го погоди силен земјотрес – повредени се најмалку 276 лица

Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала го погоди северозападниот дел на Иран, а најмалку 276 лица се повредени во земјотресот, јавува Ројтерс.

Во извештајот на иранската државна телевизија се наведува дека итната медицинска помош забележала „досега 276 повредени, додека 68 лица се хоспитализирани поради помали скршеници“.

Епицентарот на земјотресот бил на околу 11,6 километри од селото Кови во иранската провинција Западен Азербејџан и на длабочина од 10 километри, соопшти Американскиот геолошки институт.

Германскиот истражувачки центар за геонауки (ГФЗ) претходно објави дека земјотресот бил со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала и бил во близина на пограничниот регион на Ерменија, Азербејџан и Иран.

На почеток