(ВИДЕО) Кристина Димитри препеа песна од Северина
Од
Објавено на
Кристина Димитри, која веќе неколку месеци со диџеј Боно настапува во клубовите низ Македонија, ја препеа „Добродошао у клуб“ од Северина. Таа вели дека ја обожава песната и дека песните од Северина се голем дел од нејзиниот репертоар на настапите.
Каверот е снимен во студиото на Иван Јованов-Ивајо, а видеото во „Ред централ продакшн“ во Тетово.
Кристина, најави дека со Боно и нивниот тим „Лилипоп“ се спремаат за „Макфест“, што ќе се одржи на 21 и 22 октомври во Штип. Песната што ќе ја испеат на реномираниот фестивал се вика „Салса“.