Македонија

Денеска сончево со мала до умерена локална облачност

Денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Во наредните денови следува период на стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.

Од сабота по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

На почеток