Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ќе достави Закон за изменување и дополнување на законот за здруженија и фондации

ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе достави Закон за изменување и дополнување на законот за здруженија и фондации, по закажаното за денес отворање на бугарски културен клуб „Цар Борис трети“ во Охрид.

„Што тоа се смени од 2016-та за да може да се регистрираат здруженија со имиња на фашисти во Македонија? ВЛАДАТА СЕ СМЕНИ И ТРЕБА ЧАС ПОСКОРО ДА ЗАМИНЕ!!! Оваа влада бесрамно и без око да и трепне оживејува вредности на Третиот Рајх. Тоа не се вредностите на антифашистичка и херојска Македонија. На нашата Македонија“, напиша на социјалните мрежи, Рашела Мизрахи – пратеничка и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ќе доставиме Закон за изменување и дополнување на законот за здруженија и фондации, па мнозинството нека не го гласа и јавно, јасно и гласно нека каже дека е на погрешната страна и на историјата и на сегашноста. Смрт на фашизмот – слобода на народот“, напиша Мизрахи.

ВМРО-ДПМНЕ вчера повика на масовен протест по повод отворањето на вториот бугарски културен клуб во Македонија, што ќе го носи името „Цар Борис Трети“, а кој бил на чело на бугарската држава за време на Втората светска војна.

На почеток