Скопје

106 санкции за непрописно паркирање, 57 биле паркирани на велосипедска патека

Денеска (09.10.2022) во периодот од 10.00 до 17.00 часот спроведена е засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата од општина Аеродром до општина Ѓорче Петров во Скопје за санкционирање на непрописно паркирани возила. При контролата санкционирани се 106 возачи, од кои 57 биле паркирани на велосипедска патека.

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

На почеток