Свет

(ВИДЕО) Експлозии во центарот на Киев

Неколку експлозии одекнаа утрово во централниот дел на Киев, соопшти градоначалникот на украинската престолнина Виталиј Кличко.

Новинарите од странските агенции, пак, јавуваат дека три експлозии одекнале во центарот на Киев. Како што велат, детонациите се слушнале околу 08:15 часот по локално време (7:17 часот по средноевропско време), пренесува Франс прес.

Тој на Телеграм напиша дека се слушнале неколку експлозии во областа Шевченск, пренесува Интерфакс Украина.

Ројтерс, повикувајќи се на сведок, објави дека над зградите се издига облак од црн чад.

Новинарите од странските агенции, пак, јавуваат дека три експлозии одекнале во центарот на Киев. Како што велат, детонациите се слушнале околу 08:15 часот по локално време (7:17 часот по средноевропско време), пренесува Франс прес.

Новинарите на АП кои ги слушнале детонациите велат дека им се чини дека биле предизвикани од ракетни напади.

Сирените за воздушен напад се огласија неколку десетици минути пред детонациите.

Засега нема извештаи за жртви.

На почеток