(ВИДЕО) Украина е под ракетен оган, според западните медиуми ова е одмазда на Путин
Украина е под ракетен оган. Има информации за напади на многу градови, изјави заменик-шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Кирило Тимошенко.
Тој изјави и дека во нападите се повредени цивили, пренесува Интерфакс Украина.
#Ukraine needs protection now! Ukraine needs missile protection@SenatorRisch @MikeCrapo @SenJoniErnst @ChuckGrassley @TTuberville @SenShelby @SenDanSullivan @lisamurkowski @SenatorSinema @SenMarkKelly@SenTomCotton @JohnBoozman @SenJohnBarrasso @SenLummis @SenatorCantwell https://t.co/Zo33UqvAA8
— Юлія (@Forelka_ua) October 10, 2022
Исто така, украинските медиуми јавуваат дека цело утро во нападнатите градови се огласуваат сирени за воздушен напад.
Експлозии се слушаат утринава во Днепар и Лавов, јавува Интерфакс Украина, повикувајќи се на објави на Телеграм. Градоначалникот на Лавов, Андриј Садови, на Телеграм објави дека училиштата денеска ќе бидат затворени. Тој рече и дека има привремени прекини во мобилните комуникации.
Сите медиуми објавија и дека во Киев се слушнале нови експлозии.
„Спутник интернешенел“ пренесува дека во меѓувреме е активирана противвоздушната одбрана во Одеса.
Украинските медиуми објавија дека руските сили ги нападнале и Славјанск и Запорожје. Да потсетиме, рано утринава беше гранатиран Киев. Во центарот на градот одекнале три експлозии, а според првичните информации има загинати и повредени.
#Kyiv, #Ukraine after several explosions near my house. People run into the metros or underground garages. pic.twitter.com/JJ6uFpZCMX
— Aurora Borealis (@JoneTan_2020) October 10, 2022
Очевидци јавуваат дека експлозии се слушнале во рускиот град Белгород.
Западните медиуми сметаат дека ова е одмазда на рускиот претседател Владимир Путин за нападот на мостот на Крим, кој го поврзува анектираниот полуостров Украина со Русија.
Cities targeted this morning by Russian missiles this morning in Ukraine. https://t.co/zif7kOKWO0 pic.twitter.com/bk5BqXJJR0
— Aldin (@tinso_ww) October 10, 2022