Македонија

Пендаровски ќе положи цвеќе пред Владата по повод 11 Октомври – Денот на народното востание

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, денеска во 11:15 часот ќе положи свежо цвеќе пред споменикот „Ослободители на Скопје“, на платото пред Владата на Република Северна Македонија.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска по повод Денот на народното востание – 11 Октомври ќе присуствува и ќе се обрати на централниот настан кој ќе се одржи на Спомен Костурницата во Куманово.

Свечениот настан кој се одржува под мотото „На вистинската страна“, започнува во 9:30 часот со положување на свежо цвеќе од владината делегација предводена од претседателот на Владата, придружуван од Артан Груби, прв заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Јована Тренчевска, министерка за труд и социјална политика и Адмирим Алити, министер за информатичко општество и администрација.

На почеток