Македонија

Колкава е каматата на новиот заем од ММФ

Каматата за новиот заем од Меѓународниот монетарен фонд(ММФ) е помеѓу 1 и 2 отсто.

ММФ и Министерството за финансии постигнале договор за Инстументот на ММФ за претпазливост и ликдвидност, за што информираа вчера.

„Тој ќе биде исплаќан оваа година, идната и наредната година и каматата е помеѓу 1 и 2 отсто, а потоа сукцесивно оди враќањето, како што заздравува буџетското функционирање на државата. Овој инструмент се користи за поддршка на буџетот и девизните резерви“, рече премиерот Димитар  Ковачевски за Тв 24.

Вели дека опозицијата цело време ја критикувала власта за овој заем.

На почеток