(ВИДЕО) Заврши продолжениот викенд, еве колку гужва има на граничните премини
Голема фреквенција на возила е забележана на граничните премини Табановце и Богородица.
Многу од граѓаните продолжениот викенд го искористија за посета на туристичките центри во соседството, по што се враќаат дома. За отежнатоста на сообраќајот придонесува и дождливото време кое го успори движењето на автомобилите.
Од АМСМ информираат дека на граничните премини од македонска страна нема поголеми задржувања.
„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, информираат од АМСМ.