Коментари

Ќе ја преживее ли Македонија зимата и какви последици ќе остави таа по целокупниот економски и социјален живот, прашува Димовски

Неписмениот секогаш комплицира за да изгледа писмен, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски

„ Затоа ајде едноставно, почетни позиции:
1). Кризата ќе е помала доколку имаме поевтина енергија.
– Цената на нафтата и нафтените деривати на светските берзи е висока;
– Еврото, а и денарот со него, изгуби значајна вредност на светските пазари;
– Цената на електричната енергија на берзите е висока.
2). Цената на нафтата е регулирана на светски пазар, а ние немаме производство.
3). Цената на струјата е регулирана на пазарна основа, ама ние имаме доволно капацитети во Република Македонија за да произведеме доволно за нас.
4). Дополнителните даноци, акцизи, маржи и разни давачки со кои е оптеретена цената на нафтата, енергијата и сличните производи зависи само од Република Македонија.
5). Цената на дома произведената електрична енергија е дури и за 10 до 20 пати поевтина од цената на увезената електрична енергија.

За да дознаеме како Република Македонија ќе ги помине следните неколку критични месеци, потребни ни се следните одговори:
1). Колку квалитетни ремонти се направени на хидроелектарните и термоцентралите?
2). Дали Република Македонија конечно се откажа од среднорочната идејата за затворање на термоцентралите?
3). Колку проценти е зачуваниот капацитет на воден потенцијал во хидроакомулативните зафати и дали тој е не повеќе од 30%?
4). Колку количина на јаглен се произведува дневно во рудниците околу РЕК Битола?
5). Колку резерви на јаглен има во овој момент во РЕК Битола, а колку во ТЕЦ Осломеј?
6). Дали договорената набавка на јаглен од Грција е доволна за работа на РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј за повеќе од 40 дена?
7). Колку резерви на мазут има државата или ЕЛЕМ за производство на електрична енергија во ТЕЦ Неготино?
8). Дали имаме обезбедено гас, и колку, за работа на Те То, по истите принципи како што тој капацитет работеше во 2021 година?
9). Дали државата обезбеди други начини на производство на електрична енергија за критичните здравствени и државни институции?
10). Колкава беше цената на јагленот, мазутот и гасот пред 4, 5 или 6 месеци, а колкава е сега и кој ќе ја објасни штетата за ненавремена набавка?
11). Дали државата направи план за намалување на давачките, даноците, маржите и акцизите на нафтата, топлинската и електричната енергија со цел да за зачува кондицијата на стопанството и социјалната положба на граѓаните?
12). Кој ќе ја сноси цената на неконкурентноста на нашето стопанството споредено со најблиските соседи заради тоа што во Република Македонија се плаќа највисоката цена за електрична енергија?

Одговорите на овие прашања се клучни за да дојдеме до одговорот дали Македонија, нејзините граѓани и стопанството ќе ја преживее зимата и какви последици ќе остави таа по целокупниот економски и социјален живот.

Тие што ги знаат одговорите, сега за сега, се сериозни песимисти“, додава тој.

На почеток