Свет

Расте бројот на жртвите од експлозијата во рудникот во Турција – најмалку 28 загинти

Бројот на загинати во експлозијата во рудник за јаглен во северна Турција се искачи на 28.

Во текот на ноќта спасувачите се обиделе да извлечат десетици затрупани луѓе на површината, соопштија денеска турските власти.

Несреќата се случила на 14 октомври во рудник во градот Амасра на брегот на Црното Море, а во моментот на експлозијата во рудникот имало 110 лица, изјави за новинарите министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, кој отпатувал на местото на несреќата за да ја координира операцијата за спасување, пренесе АП.

Министерот за енергетика Фатих Дурмаз изјави дека продолжува спасувањето на уште 15 лица, од кои повеќето се во делот од рудникот каде пожарот се уште гори.

„Не се работи за голем пожар, но за безбедно да се пристигне, пожарот и гасот јаглерод моноксид мора да се елиминираат“, изјави тој за новинарите на местото на настанот.

Уште четири или пет рудари останаа заробени во урнатините, додаде Дурмаз.

Министерот за здравство Фахретин Коча на Твитер објави дека 28 рудари загинале, а 11 спасени се хоспитализирани во Бартин и Истанбул.

Министерот за внатрешни работи Сојлу изјави дека од рудникот се спасени вкупно 58 лица.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека ја откажува планираната посета на југоисточниот град Дијарбекир и наместо тоа ќе отпатува во Амасра за да ја координира спасувачката операција.

Тој рече дека се назначени тројца обвинители да го истражат инцидентот. Турскиот министер за енергетика Фатих Донмез изјави дека експлозијата најверојатно била предизвикана од запалив гас од рудникот, пренесе АП.

На почеток