Нема никаква асимилација ниту бугаризација со која ВМРО-ДПМНЕ и Левица ја плашеа јавноста, вели СДСМ
Потонаа лагите на Мицкоски, на ВМРО-ДПМНЕ и Левица дека македонскиот јазик ќе се бришел, дека немало да се именува како македонски, дека идентитетот ќе бил загрозен, вели СДСМ
„Нема никаква асимилација ниту бугаризација со која ВМРО-ДПМНЕ и Левица ја плашеа јавноста.
Но затоа има признат, заштитен македонски јазик, има напредок во евроинтеграциите преку започнување на процесот на преговори за членство во ЕУ.
Советот на ЕУ донесе одлука Северна Македонија да го потпише Договорот за гранично управување попознат како Фронтекс.
Договорот со Фронтекс ќе биде потпишан на официјален македонски јазик и тоа е прв документ со ЕУ кој ќе се потпише на македонски јазик со чиста формулација.
За првпат македонскиот јазик во ЕУ ќе биде без фусноти, без дополнителни додавки и забелешки.
Мицкоски и Апасиев се докажани лажговци“, се вели во соопштението.