Најчевска ја “плесна” јавно, откако Владата “удри” по студетите
Не стивнуваат реакциите од синдикатите и јавноста по објавувањето на владиниот документот за штедење во јавниот сектор. Освен намалување на платите на административците и јавните службеници, во документот јасно стои дека Владата има намера да го зголеми бројот на паралелки кои наставата ќе ја следат во една просторија, можни се намалувања на висината на стипендиите кои ги добиваат студентите, а ќе се прави и измена во обемот на храната која ја добиваат студентите од студентските мензи.
„А наместо да се удира по студентите да се:
– намали бројот на министерства и непродуктивен кадар во министерствата
– бројот на општини и непродуктивна администрација во општините
-надзорни и управни одбори и платените лешпери во истите
– непотребно вработени јавни службеници по принципот партиска книшка- вработување
– да се исплаќа на парламентарците и функционерите додаток за патување во висина на јавен превоз
– да се врати Мариќиќ со свитата од шетање по европските градови
– да се намали бројот на делегациите кои шетаат по светот
– …“, вели професорката Мирјана Најчевска.