„Ожени ме“ – театарска претстава на Театар „Провокација“ во КИЦ
Во Културно-информативниот центар – Скопје вечер ќе биде изведена театарската претстава „Ожени ме“ во режија на Роберт Ристов. Драматизацијата е работена според мотиви од урбаните сценарија: „Ожени ме“, „Заедништво“, „Храна и љубов“ и „Брачна приказна“.
– „Ожени ме“ е насловот на една од двете претстави („Ожени ме“ и „Разведи ме“) кои, всушност, се две поглавја од „Флип-изданието“ на претставите со заеднички наслов „Две нијанси црвена“. Ова е еден уникатен начин да се опфатат две теми/претстави кои претставуваат лице и опачина, едната на другата – информира организаторот.
Во претставата, улогите ги толкуваат актерите Изабела Јакимова и Бранко Атанасов.