Магазин

Меган Маркл откри дали планира да се врати на актерството

Меган откри дека размислува којa од нејзините колешки би можелa да ја игра во идните филмски или телевизиски адаптации на кралското семејство.

„Сето тоа е чудно“, рече таа за приказната што се појави на насловната страница на Верајети.

„Треба да ги разделите тие работи. Секој што зборува за мене или избира актерка да ме игра, тоа ќе биде моја карикатура која е создадена за работата која на луѓето им носи многу пари“.

Маркл добиваше мали улоги на телевизија и во филмови во раните 2000-ти, но конечно доби улога во американската серија „Suits“ на почетокот на 2011. Кон крајот на 2017 година се сврши со принцот Хари и се повлече од актерството.

Нејзиното бурно искуство во светот на кралското семејство, што резултираше со тоа што таа и Хари станаа независни од семејството на почетокот на 2020 година, е зрело за адаптација на големиот екран. Маркл само се надева дека оној што ќе прифати да ја игра ќе ја разбере целата длабочина и слоеви на нејзината личност.

Во моментов, Маркл и принцот Хари имаат богати договори со Нетфликс и Спотифај. Но, дали некогаш ќе помисли да се врати на актерството? „Не, завршив“, рече таа. „Никогаш не кажувај никогаш, но апсолутно немам намера“, заврши таа.

На почеток