Мицкоски е за бришење на бадентерот и балансерот: Се надевам албанските политичари нема повеќе да ги потценуваат граѓаните Албанци
Од
Објавено на
Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ, посочи дека треба да се избрише нормата балансер и бадентер, а во институциите место да има за сите квалитетни кадри.
„Подготвен сум да разговарам со секого, но треба да разговараме за нормата балансер, бадентер. Да имаме можност луѓето да напредуваат но не поради процент, туку поради капацитет и квалитет. Се надевам албанските политичари нема повеќе да ги потценуваат граѓаните Албанци и ќе ги избришеме тие бадентер и балансер“, кажа Мицкоски.