Свет

(ВИДЕО) Учителка влечела аутистично дете по подот

Во основно училиште во американската сојузна држава Кентаки учителка по подот во училиштето влечела 9-годишно аутистично дете.

Учителката била снимена од надзорните камери.

Инцидентот се случил пред два месеци, а училиштето не го објави идентитетот на учителката.

„Учителката е отпуштена од училиштето и спроведена е истрага. Инцидентот го пријавивме во Одборот за стандарди во образованието во Кентаки“, изјави директорката на училиштето.

Мајката на ученикот за Си-Ен-Ен изјави дека синот го отпишала од училиштето откако дозналУа за инцидентот.

Таа снимката ја објавила на Фејсбук, а под неа додала дека нејзиниот син има дијагноза за аутизам, АДХД, ПТСП и депресија, а исто така има и проблеми со говорот.

Видеото можете да го погледнете тука

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток