(ВИДЕО) Милош Биковиќ ја надогради косата, па ја поддржа боксерската федерација
Актерот Милош Биковиќ работи со несмалено темпо на два фронта. Снима во Русија и Србија, а не помалку се занимава и со продукција.
Како што ги информираше своите следбеници на социјалните мрежи, деновиве поминува со часови во фризерски салон, правејќи го она што е карактеристично за понежниот пол – надградба на косата.
Заедно со видеото во кое покажува дека баш и не ужива во лекувањето, напиша и „Неволја во рајот“, како алузија на новата серија за која мораше да направи фризерска интервенција.
Во меѓувреме Биковиќ од салонот со надградена коса апелираше до своите следбеници да ја поддржат Светската боксерска федерација. Како голем љубител на оваа благородна вештина, тој ги повика своите фанови да се потпишат на петицијата и со тоа да им дадат сила на младите спортисти и да ја спасат оваа дисциплина од пропаѓање и заборав.
На официјалната веб-страница на федерацијата му се заблагодари на актерот за поддршката со реобјавување на неговата објава.