Македонија

Таравари на средба со специјалниот пратеник Сарацин и амбасадорката Холштајн

Претседателот на АА, Арбен Таравари денеска оствари средба со Мануел Сарацин – специјален пратеник на германската влада за земјите од Западен Балкан и со германската амбасадорка во земјава, Анке Холштајн.

На средбата се разговараше за актуелната политичка, економска и енергетска состојба, како и за евроинтегративниот процес на земјава во Европската Унија.

„Денеска се сретнав со специјалниот претставник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин и со германската амбасадорка во земјава, Анке Холштајн, при што разговаравме за процесите низ кои минува земјата и за предизвиците кои не очекуваат во наредниот период. Заблагодарувајќи се за безрезервната поддршка што Германија ја дава на нашата земја и граѓаните, ја искажавме и заложбата на Алијансата за Албанците да го истуркаат до крај започнатиот пат кон ЕУ и западните вредности, заедно со меѓународните пријатели. Како што сме докажале во последните клучни случаи, германските дипломати ги запознавме дека остануваме сериозно ангажирани во интегративниот и реформскиот процес, за кој што пред се имаат потреба граѓаните на нашата земја“, пишува Таравари на социјалните мрежи.

Соговорниците се договорија за унапредување и интензивирање на соработката, а Таравари се заблагодари за поддршката од Сојузна Република Германија.

На почеток