Свет

RTL Nieuws: Холандија ги заобиколува санкциите против Русија

Холандската влада издаде 91 дозвола со кои компаниите се изземени од примената на санкциите на ЕУ против Русија.

Ова го пренесува холандскиот медиум RTL Nieuws, повикувајќи се на државни институции, пренесува Раша Тудеј (RT).

Според медиумите, официјалните лица не ги откриле имињата на вклучените компании, вредноста на трансакциите или инволвираните деловни сектори.

Информациите биле „чувствителни од гледна точка на компаниите“, изјавија за РТЛ од МНР. На министерствата им беше дозволено да дадат исклучоци од санкции за да „овозможат одреден степен на флексибилност во одредени случаи“, рече неименуваниот портпарол.

Во извештајот се наведува дека и покрај забраната на ЕУ бродовите под руско знаме да ги напуштаат европските пристаништа, холандското Министерство за инфраструктура и управување со водите издаде исклучоци за да дозволи пристап до националните пристаништа на 34 бродови. Тие го оправдаа тоа со тоа дека бродовите превезувале важен товар како алуминиум и храна.

Исто така, Министерството за економија и клима издаде 25 дозволи на холандски компании да можат да работат со поранешните подружници на Гаспром. Издадени се и дозволи на „хуманитарна основа“ за соработка меѓу Русија и ЕУ во „граѓански прашања“, како и за плаќања од Русија за „дипломатски“ цели.

Министерството за финансии одобри 13 дополнителни ослободувања поврзани со замрзнати средства или стоки кои подлежат на санкции.

На почеток