Скопје

Директорка на Данела си шета туристи низ Скопје сред работен ден

Директорката на скопското јавно претпријатие „Лајка“ Радмила Пешева, денеска во текот на работното време водела туристичка група од Србија во центарот на Скопје, објави порталот „Нова ТВ“, повикувајќи се на сведоштва на читатели.

Според читателите, ова не е првпат директорката Пешева да биде во улогата на туристички водич, надвор од работното место во ЈП „Лајка“.

Пешева за „Нова ТВ“ вели дека не се вистинити тврдењата на граѓаните кои ја виделе во улога на туристички водич, но потврди дека денеска не била на работното место во „Лајка“ бидејќи зела „слободни часови“.

„Не е точно дека сум била со туристичка група, но денеска зедов слободни часови од работа, тоа е архивирано, а моите слободни часови се мое приватно време и можам да ги користам како сакам“, вели таа за порталот.

Активистката за заштита на животните Пешева беше назначена за директор на ЈП Лајка од градоначалничката Данела Арсовска минатиот месец.

На почеток