Свет

Бројот на загинати во поплавите на југот на Филипините се искачи на 42

Бројот на загинати во поплавите и свлечиштата на југот на Филипините се искачи на 42.

Спасувачите трагаат по десетици исчезнати лица, објави денеска висок владин претставник.

Министерот за внатрешни работи на јужната автономна област Бангсаморо, Нагиб Синаримбо, стравува дека многу луѓе се уште се заробени во калта и поплавите на филипинскиот остров Минданао, пренесува Ројтерс.

„Таа бројка може да достигне 80, но се надеваме дека нема да биде така“, рече тој, додавајќи дека е особено критично во Дату Один.

Министерот рече дека спасувачките операции се привремено прекинати во текот на ноќта и ќе продолжат во сабота наутро.

Се вели дека силните дождови предизвикани од приближувањето на тропската бура Налгае доведоа до поплави и лизгање на земјиштето што погодија неколку општини во провинцијата Минданао.

Се додава дека властите евакуирале неколку илјади луѓе од патеката на тропската бура, која се очекува вечерва да ги погоди Филипините, соопштија претставници за управување со катастрофи.

Налгата донесе ветрови со брзина од 75 километри на час, а многу летови беа откажани, додека училиштата беа затворени.

На почеток