Том Брејди и Жизел Бундхен проговорија за разводот: „Одлуката не беше лесна“


Еден од најгламурозните парови, Том Брејди и Жизел Бундхен постигнаа договор и се разведуваат, а сите документи и барањето за развод ќе бидат доставени денеска.
Според странските медиуми, изворите потврдиле дека нивните адвокати постигнале спогодба за имотот и старателството на децата и дека се е договорено. Петицијата за развод е поднесена во Флорида.
Извори блиски до парот, кој е во брак од 2009 година, тврдат дека и двајцата се многу фокусирани на децата и планираат да имаат заедничко старателство.
Имено, парот го има 12-годишниот син Бенџамин и 9-годишната ќерка Вивијан, а Брејди го има 15-годишниот син Џек од врската со поранешната партнерка Бриџит Мојнахан.
Дека веста за разводот е точна потврдија и двајцата на социјалните мрежи.
„Во последните неколку дена, јас и мојата сопруга го финализиравме процесот на развод по 13 години брак“, напиша Брејди на Инстаграм story и со тоа дефинитивно потврди дека е готово.
„До оваа одлука дојдовме со договор и со благодарност за времето што го поминавме заедно“, додаде тој.
Жизел Бундхен ги потврди и гласините за развод.
„Одлуката да се стави крај на бракот никогаш не е лесна, но се чувствувам благословена за времето поминато заедно и му посакувам на Том се најдобро“, напиша таа на Инстаграм story и додаде дека нејзин приоритет, како и секогаш, ќе бидат нејзините деца, кои ги сака со сето свое срце.
