Во текот на изминатиот ден (10.01.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно шест сообраќајни незгоди од кои една сообраќајна незгода со тешки телесни повреди и пет со материјална штета.
Во сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека тројца возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени пет возачи од кои: еден возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол, двајца возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца возачи затоа што биле возачи-почетници.
Исто така исклучени од сообраќај се и четири возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкциониран е еден возач поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и еден возач поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 51 мандатни платни налози и 52 возила се подигнати со специјално возило “пајак”.