Македонија

Вработен во општина Штип доби кривична пријава за несовесно работење

СВР Штип поднесе кривична пријава против С.А.(59) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Пријавениот, во својство на службено лице во општина Штип, во текот на мај 2021 година, по поднесена писмена пријава од станари против лиценцираниот управител за домување – правно лице од Штип, со наводи дека нема отворено и водено посебни сметки за редовен и резервен фонд за станбените згради на ул.„Ѓорги Петров“ и ул.„Ванчо Китанов“, изготвил записник во кој навел дека е извршена контрола во правното лице по негов случаен избор на станбени згради и дека не се констатирани неисправности и покрај тоа што не извршил контрола на пријавените станбени згради.

На почеток