(ВИДЕО) iPhone 14 Pro на Caviar чини 133.670 долари и вклучува часовник Rolex


Компанијата Caviar е позната по своите луксузни верзии на смартфонот iPhone на Apple, а најновиот во серијата е навистина посебен.
Станува збор за уред наречен Rolex Daytona iPhone 14 Pro, кој очигледно е дизајниран за „изложување“.
На задната страна под камерите има функционален Rolex часовник, како и три други мали бројчаници, сите украсени со 18-каратно злато.
Куќиштето е направено од титаниум, а исто така е украсено со злато.
Основниот модел чини 133.670 долари и е инспириран од професионалниот возач и прв амбасадор од серијата Rolex Daytona, Малколм Кембел.
Изгледот на часовникот, вклучувајќи ги бројчаниците, му оддава почит на Кембел и неговиот автомобил Blue Bird во кој го собори брзинскиот рекорд во 1928 година.
Задниот дел на овој iPhone, вклучително и бројчаниците дизајнирани на тема автомобилизам, ја претставуваат контролната табла на споменатиот автомобил, односно копчињата што беа на неа.
Под нив и часовникот Rolex се наоѓаат мали прекинувачи кои имаат само естетска функција.
Caviar ќе произведе четири примероци од секоја од своите осум верзии на iPhone 14 Pro и 14 Pro Max, при што основниот модел ќе чини 133.670 долари, а најскапиот 135.420 долари.
