Свет

Експлозија на мина го прекина напојувањето со електрична енергија во Запорожје

Меѓународната агенција за нуклеарна енергија (МААЕ) објави дека експлозија на нагазна мина го прекина надворешното напојување на еден реактор во нуклеарната централа Запорожје.

„Експлозијата на нагазна мина го прекина главното енергетско поврзување на еден од реакторите на нуклеарната централа Запорожје (ЗНПП) во Украина“, се вели во соопштението на МААЕ.

Се наведува дека по губењето на енергијата биле активирани безбедносните агрегати, за да не остане на реакторот без струја, неопходна за процесот на ладење.

Во соопштението се наведува дека експлозијата се случила синоќа пред нуклеарната централа.

Електраната Запорожје, која се наоѓа на југот на Украина, е најголемата нуклеарна централа во Европа и од март е под контрола на руските сили.

На почетокот на септември, мисијата на МААЕ го посети објектот, по што објави извештај во кој се повикува на воспоставување безбедносна зона околу нуклеарната централа за да се спречат несреќи предизвикани од војна.

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на нуклеарната централа Запорожје.

На почеток