Охрид

Започнаа поплочувањето на пешачката патека до ООУ „Св. Климент Охридски“ во Охрид

Започнаа активностите за поплочување на пешачката патека што води кон ООУ „Св. Климент Охридски“ непосредно над Горна порта.

„Поплочувањето се врши со камени плочки автентични за Стариот дел на градот. Должината на патеката е 45 метри.

По завршувањето на активностите охриѓани и туристите добиваат уште една пешачка патека во Стариот дел градот.

Активностите се во рамките на договорот за уредување и поплочување на пристапни пешачки патеки и улички на територија на Општина Охрид. Вредноста на договорот изнесува 2 400 000 денари, средства од буџетот на Општина Охрид“, вели градоначалникот Кирил Пецаков.

На почеток