Магазин

(ВИДЕО) „Албанците тргуваат со органи, Хрватите се воени злосторници“, Тиктокер ја опиша Европа, еве што вели за Македонија

Тиктокер со прекар Инспектор20000 објави видео на кое ги навредува европските земји и за нешто повеќе од минута и пол успеа да ја разбесни речиси цела Европа.

За Албанија, тој рече дека тие се „трговци со органи кои живеат на Балканот“, за Андора се прашуваше „зошто воопшто постои“, додека на пример за Белгија рече дека „не е ни вистинска земја“. Тој за Босна и Херцеговина рече дека таа е „центар на воените злосторства“. “Дали сте ја виделе нивната етничка карта? F**k!“, додаде тој.

За Бугарите вели дека се „само сиромашни“, а ја спомена и Хрватска. „Хрватите извршија воени злосторства за кои дури и Германците мислеа дека се премногу“, рече тој, а потоа направи пауза.

Ништо не кажа за Германија и Русија, само молчеше пред камерата, а на Грците им порача дека „некогаш биле центар на светот, а сега се само мрзеливи и постојано се жалат на Турција“.

Тој ја спомена и Македонија.

„Александар Велики е Грк, а вие сте Словени“, вели тој.

@mongolia5555

We Are Huncho Hopping To Clean Music For Many Years And Minutes

♬ Aesthetic – Tollan Kim

На почеток